Калчо романтика: Буфон се враќа онаму каде што започна сè – ММС
ММС

Објавено на: 06/14/21 1:40 PM

Калчо романтика: Буфон се враќа онаму каде што започна сè

Уште една сезона во Јувентус, Реал Мадрид, можеби некој друг европски гигант со кого би можел конечно легендарниот италијански голман да се искачи на европскиот трон. Гласините околу иднината на Џанлуиџи Буфон се испоставија како неточни, а никој не можеше да предвиди кој ќе биде неговиот следен потег во професионалната кариера.

Веќе во петтата деценија од животот, неуништиливиот Џиџи се враќа на корените, на местото каде што започна неговата прекрасна фудбалска приказна – Парма. За жал „млекарите“ сезонава испаднаа од Сериа А, но тоа не претставува пречка за Буфон да потпише двегодишен договор со нив и да игра во втората по квалитет италијанска дивизија, пренесува Фабрицио Романо.

Во 1995 година Џиџи Буфон ја започнува кариерата во Парма, поминувајќи период во клубот кој им донесе многу радост на навивачите. Од 2001 година до 2018 година, чуварот на мрежата застанува помеѓу стативите во Торино. Дресот на Јувентус го облекол дури 526 пати. Една сезона, од 2018 до 2019 година, Италијанецот бранеше за екипата на Париз Сен Жермен.

 

 

 

 

Фото:

futbolretro.es