(ВИДЕО) Јокиќ ги загуби нервите, Нагетс доби „метла“ од Санс – ММС
ММС

Објавено на: 06/14/21 10:13 AM

(ВИДЕО) Јокиќ ги загуби нервите, Нагетс доби „метла“ од Санс

За првпат по 11 години, франшизата од Аризона резервираше билет во конференциското финале, откако со 4:0 го „исчисти“ силниот ривал Денвер Нагетс.

Разочарувачки и под очекувањата, но поимливо со оглед на бројните отсуства и пехови во таборот на Мајк Малоун, Нагетси го загубија и четвртиот дуел со расположените Санси и не успеаа барем накратко да се одржат во живот во серијата.

Сега тимот предводен од ветеранот Крис Пол, кој и вчера брилијираше со 37 постигнати поени, ќе го чека подобриот од дуелот Јута Џез – Лос Анџелес Клиперс, добивајќи дополнителни денови одмор и те како потребни во згуснатиот распоред во кампањата 2020/21 во НБА лигата.

Српскиот центар и едногласно избран МВП за оваа сезона во најквалитетното кошаркарско натпреварување, Никола Јокиќ, со 22 постигнати поени и 11 скокови повторно беше при самиот врв на листата на стрелците, иако заработи исклучување поради намерен фаул на три минути до истекот на третата четвртина.

 

Некогашниот играч на Мега во обид да ја избие топката и добие посед, го удри Камерон Пејн, а судиите таквото однесување го окарактеризираа како вредно за исклучување од игра. На паркетот веднаш настана мешаница во која главен актер покрај Србинот беше и Девон Букер.

По завршувањето на натпреварот, Јокиќ изјави за медиумите дека сакал да го промени ритамот и текот на самиот двобој, но прекршокот (како што се гледа можеби на повторената снимка) не бил за директно исклучување од игра.

Во првиот дуел на неделната програма од НБА плеј-офот, Милвоки Бакс изедначи на 2:2 во серијата со Бруклин Нетс. Хајлајт на дуелот беше повредата на ѕвездата на Бруклин, Кајри Ирвинг.

 

 

 

Фото:

Twitter

 

д.ј