Радост за младоженците, неограничени гости на свадба и без полицискиот час, предлага Комисијата за заразни болести – ММС
ММС

Објавено на: 06/14/21 8:38 AM

Радост за младоженците, неограничени гости на свадба и без полицискиот час, предлага Комисијата за заразни болести

Министерот за здравство, Венко Филипче на социјалните мрежи обави дека е можно укинувањето на полицискиотчас.

-Утрово на Комисијата за заразни болници се донесоа следните одлуки кои ќе бидат предложени до Кризниот штаб. Од среда, 16 јуни да се укине целосно полициски час. Епидемиолошката состојба е стабилна и го дозоволува ова.  Да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави.  Да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица, напиша Филипче.