Игор Ангеловски, селекторот на македонската репрезентација по завршување на мечот со Австрија рече дека имало и добри и лоши моменти во текот на целиот натпревар.
-Игравме добро, но правевме грешки кои не се дозволиви. Главата горе, имаме уште два меча и од утре почнуваме да се подготвуваме за Украина. Горд сум на играчите, но мора добро да се подготвиме и да не ги повториме грешките. На навивачите ќе им возвратиме со позитивни резултати. Судбината сакаше Горан да го даде историскиот гол, среќен сум за него, но кога ќе загубите натпревар, треба да се види каде сме грешеле“ – изјави Ангеловски.