Ништо не е загубено, вели Елиф Елмас – ММС
ММС

Објавено на: 06/13/21 11:27 PM

Ништо не е загубено, вели Елиф Елмас

И покрај поразот позитивната енергија е задржана кај играчите, а тоа го потврди и Елиф Елмас.

-Одигравме добро, но и видовме колку е големо и силно Европското првенство. Ова е голема лекција за нас и ништо не е загубено. Добрите резултати во следните два натпревари ќе можеме да ја обезбедиме втората фаза. Австрија играше брзо и беа малку подобри од нас. Со ладни глави ќе го анализираме следниот противник, рече Елмас.

Фото: ФФМ