Ако во петок планирате лет со „Рајанер“ до Германија, подобро откажете го летот – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/18 2:26 PM

Ако во петок планирате лет со „Рајанер“ до Германија, подобро откажете го летот

Во петок пилотите на „Рајанер“ планираат 24 часовен штрај во Германија, со што че им се приклучат на своите колеги од Ирска, Шведска и Белгија во екот на туристичката сезона.

Синдикатот на пилотите ги повика своите членови да престанат да работат во петок од 3:01 часот наутро до сабота во 14:59 часот, велејќи дека штрајкот ќе ги опфати сите летови од Германија, објави АП.

Синдикатот бара поголема плата и подобри работни услови за пилотите на „Рајанер“. Ирската нискотарифна авиокомпанија веќе откажа 146 од 2 400 летови закажани за в петок поради најавениот штрајк во споменатите земји.

„Рајанер“ лета во 37 земји и превезува 130 милиони патници годишно.