Барди по натпреварот со Австрија ги македонски фанови, кои ги вееја знамињата од трибините во Букурешт. Тој пред натпреварот се бореше со Ковид, но сепак, собра сили и се вклучи во тимот. На прес конференцијата по натпреварот тој рече:
– Тешко е да се загуби еден ваков меч, се боревме, на моменти бевме и подобри од нив. За жал, тие ги искористија своите шанси, а ние не дадовме втор гол од шансите кои ги имавме при резултат 1:1. Среќен сум што сме тука, што играме Европско првнество и што тимот е жив. Дадовме се од себе, игравме со срце. Следниот меч со Украина ќе биде како финале. Мора да ги поправиме грешките и да почнеме да мислиме на Украина, рече Барди.
Фото: ФФМ