Алијанса за Албанците – На ученици и родители од Тетово им се бараат пари за сведителства   – ММС
ММС

Објавено на: 06/13/21 4:33 PM

Алијанса за Албанците – На ученици и родители од Тетово им се бараат пари за сведителства  

Само што заврши уште една учебна година и во Тетово повторно се појавија старите шеми на изнудување пари од ученици и родители од основните и средни училишта во Тетово,  обвинија на прес конференција од Алијансата за Албанците кој партијата го одржа во седиштето во Тетово.


Според партијата многу ученици и родители 
изминативе денови пријавиле дека од нив е побарано пари за сведителствата.

 „Знаејќи дека законот на сила и последното соопштение од Министерството за образование и наука (МОН) велат дека документацијата на завршната година се обезбедува од Бирото за образование, ние како Алијанса јавно прашуваме: Кој ги ограбува тетовските ученици и нивните родители? –  Од кој центар доаѓаат наредбите за да им се земат пари повторно? – Нам ни е јасно дека жртви на овие шеми се и тетовските учители, наставници и професори кои што некој ги става во тешка положба и пред сè бараме разбирање за нив, што и така се прегазени од неисплаќањето за додатната работа за време на пандемијата. Но, жртви се и учениците и родителите на Тетово, кои по многу трошоци за обезбедување компјутерска опрема, телефони и интернет, сега се принудени да плаќаат и за сведителства“, рече Музафер Етеми претседател на тетовскиот огранок на Алијанса за Албанците.

Од партијата ги повикаа ДУИ како владеачка партија итно да престанат како што рекоа со оваа ниска форма на корупција и злоупотреба.

„Ги предупредуваме овие службени лица ако од денес дознаеме за уште еден случај од оваа појава, нема да се двоумиме да ги објавиме со име, презиме и слики сите тие што ги ограбуваат нашите фамилии и вршат притисок врз наставниците.Јавно го повикуваме инспекторатот за образование барем еднаш правилно да ја изврши својата должност и да ги казни тие што немаат милост ни кон децата“, рече Музафер Етеми претседател на тетовскиот огранок на Алијансата за Албанците

Од Алијансата за Албанците ги повикаа родителите учениците и наставниците да не молчат и да го пријават како што рекоа секој секој обид за кражба, грабеж и корупција во Тетово.

Зоран Димовски