Дечки ви благодарам и ве сакам, одиме по историја, напиша Мрме на Фејсбук – ММС
ММС

Објавено на: 06/13/21 11:35 AM

Дечки ви благодарам и ве сакам, одиме по историја, напиша Мрме на Фејсбук

Во пресрет на денешниот натпревар помеѓу Македонија и Австрија на ЕП 2020, македонскиот фудбалски селектор Игор Ангеловски – Мрме на социјалната мрежа Фејсбук напиша емотивен статус по повод дебито на Македонската фудбалска репрезентација.

,,Овие херои се изборија за почитта на секој граѓанин на Македонија, за денес да се чувствува гордо. Денеска цел свет ќе застане во чест на македонската химна. Вие сте моите херои и оваа бајка ќе ја памтам до крајот на мојот живот. Благодарам на целиот наш народ, без разлика на вера и нација, за поддршката. Дечки ви благодарам и ве сакам. Одиме по историја”, напиша Ангеловски на својот профил.

Презмено од: Фејсбук