Победете го „уморниот“ изглед – ММС
ММС

Објавено на: 08/11/18 12:00 PM

Победете го „уморниот“ изглед

Секој има лоши денови кои се последица на разноразни причини, независно дали се работи за непреспиени ноќи, мамурлак, болест, главоболка… Што и да е причината, за проблемот со лошиот и уморен изглед кој луѓето го имаат за време на лошите денови,  постојат решенија кое можат да овозможат свеж изглед.

  • Легнете накратко на тој начин што главата ќе ви виси од работ на креветот. Крвта ќе се насочи кон лицето и ќе ве разбуди, но со ова исто така ќе ги разбудите и мускулите низ телото.
  • Обидете се да направите facelift за кратко време со помош на коњско опавче. Заврзете ја косата високо, со што автоматски ќе ви се затегне кожата на лицето, па така ќе изгледате и посвежо.

  • Наутро туширајте се наизменично со топла и ладна вода. Ваквото туширање ќе ви ја поттикне циркулацијата и ќе ви ја врати „бојата“.
  • Ако ви се отечени очите, ставете ладна лажица на нив (ова звучи чудно, но делува), а може да се обидете и со парче краставица или ладна кесичка со чај од камилица.
  • Направете студена маска за лице, на тој начин што во калапи за мраз ќе ставите вода со неколку капки лимон и маслиново масло, па ваквата комбинација оставете ја во фрижидерот. Користете по една коцка од оваа „смеса“ секојдневно, односно со мразот преминете преку лицето, бидејќи студенилото ќе ги намали подочниците, сокот од лимон ќе ја затегне кожата, а маслиновото масло ќе и’ даде влажност.
  • Нанесете бронзер или руменило. Со оглед дека лицата губи боја кога сте исцрпени, потребно е нешто кое барем делумно ќе ви ја врати природната боја.
  • Нанесете повеќе маскара, бидејќи таа ги отвора очите па така ќе изгледате посвежо.
  • Одлучете се за облека во пастелни бои и имајте на ум дека особено розевите тонови би можеле да бидат од корист. Не носете црно бидејќи така ќе изгледате уште побледо.