Во очекување на дебитантскиот настап на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство 2020, фановите и сите љубители на најважната споредна работа во светот на свој начин ја даваат поддршката за црвено – жолтите.
Дел од навивачите се упатика кон Романија, каде од трибините ќе ги бодрат фудбалерите на натпреварот против Автсрија кој започнува во 18 часот, а дел во домашна атмосфера со развеани знамиња, дресови, спортски реквизити гласно ќе бодрат.
Дел од македонската дијапосра преку фотографии како се уредени нивните домови со македонски знамиња споделија фотографии на социјалните мрежи. На групата на Фејсбук „Македонци во Германија“ веќе ги подготвија навивачките реквизити и подготвени се за натпреварот Македонија – Австрија.
Г.Д
Фотографии: Фејсбук група „Македонци во Германија“