Во среда седница на Комисијата за надворешна политика Милошоски бара Османи да реферира за патоказот со Бугарија – ММС
ММС

Објавено на: 06/13/21 9:23 AM

Во среда седница на Комисијата за надворешна политика Милошоски бара Османи да реферира за патоказот со Бугарија

Во среда во 15 часот закажана е седница на Комисијата за надворешна политика, при што пратеникот и претседател на оваа Комисија, Антонијо Милошоски од ВМРО ДПМНЕ го повика министерот за надворешни работи Бујар Османи да го претстави Акцискиот план и предлог – патоказот за преговорите со Бугарија.

„На 11ти јуни, после неколкудневни протести на опозицијата, министерот за надворешни работи Османи изјави дека е спремен да реферира пред пратениците за контраверзните преговори што двоецот Заев-Бучковски ги води со Бугарија. Да потсетам, пред цели 6 месеци, на 16ти јануари истата оваа влада усвои заклучок дека пред пратениците ќе бидат презентирани информации за предлог Акцискиот план кој го преговараат со Бугарија, но досега наместо отчетност имавме молк, нетранспарентност и чести понижувања на Македонија. Заклучокот е дека во нормални демократии за најбитните национални теми владите сами иницираат дебата со парламентот, додека во хибридните режими како во Македонија, потребни се протести за да натераш владин министер да даде отчет пред пратениците, напиша Милошоски на Фејсбук кој потенцираше дека протестите на опозицијата продолжуваат и во понеделник и вторник пред МНР од 17 до 19 часот.

📌На 11ти јуни, после неколкудневни протести на опозицијата, министерот за надворешни работи Османи изјави дека е спремен…

Posted by Antonio Miloshoski on Saturday, June 12, 2021