Од мажоретка до страсна навивачка! Ајде златни момчиња! – Манекенката Ангела Јакимовска во дрес за поддршка на фудбалската репрезентација – ММС
ММС

Објавено на: 06/13/21 4:00 PM

Од мажоретка до страсна навивачка! Ајде златни момчиња! – Манекенката Ангела Јакимовска во дрес за поддршка на фудбалската репрезентација

Манекенската Ангела Јакимовска е голем фан на фудбалот и затоа нема да ја пропушти оваа историска шанса за да навива за нашите златни момчиња. Таа вели дека ова  историја, а историјата ја пишуваат победниците, значи ќе победиме во сите три претстојни натпревари.

-Зарем има некој кој нема да навива? Па ова е историја. Фудбалерите се нашите златни момчиња и сите ги сакам и им давам поддршка.  Ќе навивам и вечер и во четврток и кога ќе играме во Холандија. И секако и понатаму бидејки не се ни сомневам дека нема да продолжиме, вели Ангела.

Ангела е наша позната манекенка и модел и досега многу пати ги бранела боите на Македонија на интернационални избори. Оттаму и вели дека точно знае под каков притисок се нашите фудбалери.

-Желбата за победа и голема кај сите, и кај фудбалерите и кај тренерот и кај сите нас. Како им е на фудбалерите и под колку голем притисок и желба за победа се точно знам како им е и ги разбрам. Кога ќе трнеш надвор од границите на државата, каде треба да ја претставиш во најдобро светло се друго не е важно, освен победа. Затоа им ја посакувам целата среќа на овој свет и нека победуваат, посакува Ангела.

Таа прв пат присуствувала на фудбалски натпревар кога била уште мала.

-Прв пат присуствував на фудбалски натпревар  во тинејџерските години  кога бев мажоретка на еден спортски  натпревар на “Open Fun Football”. Обожавам да спортувам. Верувам дека мажите се поупатени во спортот, отколку жените, но можеби жените како поемоционални битија се подобри навивачи! Тргнувајќи од себе, мислам дека суштински ќе навлезам и ќе се соживеам со секој пораз или победа на Македонија. Мажи или жени, деца или возрасни, стари или млади, мислам дека сите обединето ќе навиваме. Македонија е во игра, вели таа.

За неа не постои прашање- дали ќе следиш европско?  Тоа се подразбира.

 

-За фудбалерите велат дека никој не може да ги разбере, најпрвин трчаат по топката, а кога ќе ја добијат ја шутираат. Тоа е во човечката природа, ние сите играме фудбал по малку на нашето приватно првенство, се со цел да дадеме гол, а ако нема гол, виновен е судијата. Дали ќе следам Европско? Пред да следам ќе ауплаудрам. Зошто? Години наназад на Евровизија се бориме за во финале, на многу натпревари за Мис каде што сум ја претставувала нашата земја  сум се борела за финале и победа. Спортистите со овој влез на Европско првенство го изодеа патотот на многу генерации, Македонија е за прв пат на Европско после осамостојувањето! Македонската фудбалска репрезентација испиша историја! Јас како навивач и пред играта ќе аплаудирам, бидејќи знам кои сме! Македонскиот народ има потреба од реални идоли, во оваа ера единствено фудбалите се нашите нови херои. Херои на дело, на терен! Поради такви херои, кога би ја седнале Македонија на вечера со светот , таа ќе има со што да се пофали. Сега е времето да покажеме што знаеме, додава таа.

Ангела немаше можност да замине за Букурешт и од лице место да ги следи натпреварите, но затоа со специјална фотосесија за ММС таа ја дава најголемата поддршка.

 

-Напред, за победа!!! Со вас сме, им порача таа.

Фото: Вангел Тануровски