Леонардо ди Каприо се грижи неговото семејство да ужива во луксуз, па неговата мајка Ирмелин, со која најчесто се појавува на црвениот тепих, држејќи се за раце, ја почасти со скап имот.
Новиот имот Лео го купи во Лос Анџелес за 7.100.000 долари. па сега домот во Лос Фелиз ќе биде новата адреса на неговата мајка Ирмелин, а Ди Каприо, кој има уште неколку други имоти во Лос Анџелес, ќе може толку често да ја посетува.
Вилата е изградена во 1928 година, и се простира на речиси 5.000 квадратни метри и содржи четири спални соби и пет бањи. Имотот се наоѓа на рид, со прекрасен поглед, а претходно им припаѓаше на поп ѕвездата Гвен Стефани и нејзиниот тогашен сопруг, музичарот Гевин Росдејл. Тие го купија во 1998 година за 1,4 милиони долари. Според странските медиуми, имотот е опишан како „неверојатно необичен“ и гарантира целосна приватност и безбедност,далеку од љубопитните погледи.
На влезот во двокатната вила има двоспратно фоаје со витраж, семејната соба е претворена во просторија за медиуми и е опремена со проектор за филмски вечери. Скоро секоја соба во домот има отворен пристап, што води кон дворот на долниот кат. Удобностите на отворено вклучуваат базен, спа центар, посебна просторија за медитација и јога, бања во базенот и реновиран поглед на градот.
Пространиот отворен простор е опкружен со дворови, отворени камини и негувани тревници, што овозможува и ручек на отворено.
Извор и фото: kurir.rs