Страшна глетка на Еуро2020 – Данскиот фудбалер се бори за живот – ММС
ММС

Објавено на: 06/12/21 7:10 PM

Страшна глетка на Еуро2020 – Данскиот фудбалер се бори за живот

Немил настан се случи на Еуро2020  за време на мечот Данска -Финска.

Официјалниот спикер на стадионот „Паркен“ ги замоли присутните да останат на своите места, да не го напуштаат објектот, бидејќи постои можност мечот на Европското првенство меѓу Данска и Финска да продолжи, откако Кристијан Ериксен (29) се онесвести пред крајот на првото полувреме, со резултат 0: 0.

Данецот во моментов се наоѓа во локална болница и се наоѓа во стабилна состојба, каде се вршат детални анализи за да се утврди што точно се случило.

Капитенот на Данска веднаш му помогна на својот играч и му даде вештачко дишење.

Сопругата на Кристијан Ериксен веднаш истрча на теренот откако го виде нејзиниот сопруг како падна на тревата.