Момче и девојка од Србија брутално претепани во Сплит – ММС
ММС

Објавено на: 06/12/21 6:20 PM

Момче и девојка од Србија брутално претепани во Сплит

Хрватската полиција соопшти дека синоќа половина час по полноќ бил нападнат млад пар од Србија.

Полицијата добила пријава за нарушување на јавниот ред и мир во областа на плажата Овчица.

Неколку непознати лица физички нападнале двајца странски државјани од Србија, 25-годишен маж и 26-годишна жена.

Полицијата излегла на местото на настанот каде пронашла две жртви на нападот.

Како што дознава Индекс, девојчето немало видливи повреди, а момчето одбило медицинска помош.

Полициските службеници виделе модринки и гребнатини врз него, но тој им се заблагодарил им рекол дека не му е потребна лекарска помош.