За нас година на борба, за македонскиот фудбал година на гордост и слава – Сејдини со емотивна објава од Букурешт! – ММС
ММС

Објавено на: 06/12/21 3:51 PM

За нас година на борба, за македонскиот фудбал година на гордост и слава – Сејдини со емотивна објава од Букурешт!

Македонскиот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини денеска се обрати   по повод учеството на Европскотот првенство во фудбал. Зад нас имавме тешка година со многу предизвици и загуби, но кога беа најтемните денови за македонскиот народ, фудбалерите  ја донесоа најголемата радост за нашиот народ. Победничкиот гол донесе светлост на македонскиот народ токму и за тој момент прозборе и претседарелот на Фудбалската репрезентација на Македонија.

Објавата  на Сејдини ви ја прикажуваме во целост:

-А, таква беше годината. Некои ќе кажат неправедна, за македонскиот фудбал историска.
Некои ќе кажат тажна, за македонскиот фудбал величествена. За некои ужасна и трагична, за македонскиот фудбал неповторлива. За повеќето од нас, година на борба. За македонскиот фудбал година на гордост и слава.

На заедништво,-Некои приказни едноставно подобро се раскажуваат ако започнеме од крајот!
Победивме бидејќи си рековме себеси дека сме победници.
Македонската фудбалска репрезентација се пласираше на Европското првенство.
Бидете горди. Затоа што ова е време кога македонските фудбалски великани одат по земја”.
Никогаш досега македонскиот фудбал не доживеал таква експлозија.

Тие емоции од Грузија со ништо дотогаш не можат да се споредат. Беа искрени и едноставно доаѓаа од целата наша држава како реакција на сѐ она што во годините наназад ни се случуваше во фудбалот.

Таа колективна екстаза и во време на здравствена епидемија доведе до тоа на скопските улици за прв пат да се скандираат имињата на македонските фудбалери.

-Во ова наше општество на невозможни институции и Македонци и Албанци и Турци и Роми се обединети кога е во прашање фудбалската репрезентација.

Тоа треба да ни биде пример за начинот на кои сите треба да се однесувааме. Во победа или пораз – таква Македонија сакаме. И не само фудбалска.

-Никогаш не сме биле Европски прваци.

Но, никогаш во своите глави не сме биле поблизу до тоа чувство од овие денови пред Европското првенство.

И што и да се случи, ова чувство и оваа наша моќ никој не може да ни ја одземе.
Ниту оваа фудбалска Македонија. Самоуверена. Моќна. Храбра. Оптимистична.

-Ова е победа за сите кои барем еднаш во животот го облекле дресот на Македонија. И сите имаат заслуга за овој историски момент. Од првиот до последниот.

– Како Фудбалска федерација на Македонија сме сигурни дека фудбалерите и на натпреварите од Европското првенство ќе дадат се од себе за да го вивнат македонскиот фудбал во нови височини и одново да покажат дека припаѓаме меѓу најдобрите во Европа.

-А, ние ќе бидеме заедно со нив и заедно со многубројните фанови и целокупната јавност и од срце ќе ги бодриме. Истовремено веруваме, се надеваме и посакуваме дека нашите фудбалери со својата игра и залагање ќе не исполнат со радост и гордост.

-Ние сме мала држава, но имаме големи соништа….Столе, Ристе, Дамјан, Висар, Егзон, Кире, Стефан, Дарко, Ѓоко, Езџан, Енис, Аријан, Бобан, Стефан, Елиф, Тихо, Даниел, Марјан, Ферхан, Дарко, Горан, Иван, Милан, Аце, Крсте, Влатко…уживајте, давајте се од себе, па што биде”.

 

Фото: Фејсбук/ ФФМ