Љубовен четириаголник! Ирина, Роналдо, Ким и Кање, секој секого изневерувал – ММС
ММС

Објавено на: 06/12/21 1:51 PM

Љубовен четириаголник! Ирина, Роналдо, Ким и Кање, секој секого изневерувал

Пред Бредли Купер (46) со којшто ја доби ќерката Леа (4), Ирина Шаек (35) беше во сериозна врска со фудбалерот, Кристијано Роналдо (36), а заедно беа дури пет години. Во тој период, Роналдо дури два пати беше „фатен“ со Ким Кардашијан. Сето тоа изгледаше бајковито, а потоа одеднаш во медиумите одекна веста дека раскинале и дека виновна за тоа е мајката на Роналдо која се мешала во нивната врска. Кристијано е доста поврзан со својата мајка, а Ирина наводно не можела да се носи со тоа. Тие се запознаа во 2010-та година, а истата таа година Роналдо беше фатен во друштво на најпознатата старлета Ким Кардашијан.

Набргу почна да се „шушка“ за љубовниот однос со оглед на тоа дека во јавноста се појавија фотографии на кои ѕвездите се бакнуваат, но тие никогаш не потврдија дека биле во врска.

По раскинувањето со Ирина, во 2016-та година Роналдо и Ким повторно беа заедно и тоа на концерт на Џенифер Лопез. Сепак, не беше потврдено дали се работела за кратка авантура или пак, биле во сериозна врска.

За потсетување, заедно беа видени и Ирина и еден од најпознатите рапери, Кање Вест (44). Папараците ги „уловија“ за време на една романтична прошетка во Прованса, каде го прославија роденденот на раперот. За нив се зборува веќе со денови, а фотографиите најпосле го потврдија сомнежот. Канје инаку, неодамна престана да ги следи на Твитер, Ким и нејзините сестри Кортни и Клои иако тие преку социјалните мрежу му го честитаа роденденот.

Ким на Инстаграм напиша дека ќе го сака до крајот на животот. Наводно тие се гледаат неколку месеци, а Ким знаела за се’ уште од самиот почеток.

 

Извор:   telegraf.rs