Патнички авион денеска напладне се урна кај Лошињ, Хрватска јавуваат регионалните медиуми. Веста е потврдена од Горската служба додавајќи дека несреќата се случила во 11 часот и 55 минути кај местото Ќунски. Станува збор за „пајпер“ со италијанска регистарција.
Како што изјавил портпаролот на Министерството за море, сообраќај и инфраструктура, Давид Радас во авионот имало четири лица сите државјани на Република Италија. Две лица се полесно повредни, а за другите две не се знае тежината на повредите. За да се извадат повредените од авионот во тоа помогнале и пожарникарите.
На теренот каде се случила авионската несреќа се наоѓаат инспектори на Агенцијата за истрaжување авионски несреќи од кои се очекуваат повеќе детали за несреќата.