Се урна патнички авион во Хрватска – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/18 1:57 PM

Се урна патнички авион во Хрватска

Патнички авион денеска напладне се урна кај Лошињ, Хрватска јавуваат регионалните медиуми. Веста е потврдена од Горската служба додавајќи дека несреќата се случила во 11 часот и 55 минути кај местото Ќунски. Станува збор за „пајпер“ со италијанска регистарција.

Како што изјавил портпаролот на Министерството за море, сообраќај и инфраструктура, Давид Радас во авионот имало четири лица сите државјани на Република Италија. Две лица се полесно повредни, а за другите две не се знае тежината на повредите. За да се извадат повредените од авионот во тоа помогнале и пожарникарите.

На теренот каде се случила авионската несреќа се наоѓаат инспектори на Агенцијата за истрaжување авионски несреќи од кои се очекуваат повеќе детали за несреќата.