(ФОТО + ВИДЕО) Спектакуларно отворање на ЕУРО 2020 со неверојатната изведба на „Nessun Dorma“ од Андреа Бочели – ММС
ММС

Објавено на: 06/11/21 8:26 PM

(ФОТО + ВИДЕО) Спектакуларно отворање на ЕУРО 2020 со неверојатната изведба на „Nessun Dorma“ од Андреа Бочели

Дваесет и четири репрезентации поделени во шест групи, една во одбрана, а дваесет и три од нив во битка за европскиот трофеј.

Неверојатната изведба на „Nesun Dorma“ од врвниот вокал Андреа Бочели, го означи почетокот на Европското фудбалско првенство 2020 на легендарниот стадион „Олимпико“ во Рим.

Знамињата на сите репрезентации учесници на овој задоцнет, поради објективни причини шампионат, вклучувајќи го и она македонското, се вееја на стадионот во главниот град на Италија.

 

На добропознатите ноти на планетарниот хит на Бочели, му претходеше изведбата на официјалната химна на ЕУРО 2020, од страна на диџејот Мартин Гарикс, Боно Вокс и The Edge од U2 – „We are the people“.

Наместо Дани Макели, топката на средината на теренот пред првиот судиски свиреж ја донесе мини-автомобил управуван од далечина.

Сцената е поставена, Италија и Турција ќе ве воведат во уживањето од времетраење од 30 денови. Од фудбал никогаш доста.

 

 

Фото:

Twitter / @EURO2020

 

д.ј