Велес, денеска и утре е домаќин на 58то издание на Рацинови средби. Овој настан започна со меѓународната научна конференција „Синтези: Рацин и Конески”, во фоајето на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов -Џинот”. Подоцна, беа засадени и млади садници во рациновата шума од страна на добитниците на Рациново признание и Почесно Рациново Признание.
Оваа година на конкурсот биле пријавени вкупно 27 дела од 26 писатели и Рациновото признание 2021 го понесен Милован Стефановски со романот „Теорија за кучешка година”.
-Јас сум во поодминати години, уште една година ќе наполнам 70 и ете се случи прв пат да конкурирам за рациновото признание, инаку добитник сум на сите позначајни награди во нашата држава и за поезија и за проза. Многу ми е драго што од сега понатаму ќе бидам во регистеарот на имињата на добитниците на големото рациново признание со мојот роман „Теорија за кучешката година”, додаде Стефановски.
Додека пак Почесното рациново признание го понесе Ала Генадјевна Шешкен, руски славист и македонист од Руската Федерација.
Во текот на утрешниот ден, на свеченото затворање на 58- те Рацинови средби ќе бидат доделени наградите на почесните добитници и во нивна чест премиерно ќе биде прикажана претставата „Петтото годишно време”, од страна на ансамблот на велешки театар.
Неделното утро е резервирано за традиционалната посета на Лопушник, местото на погибјето на Рацин.
Стефани Манева