Две повредени лица во сообраќајна незгода на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар – ММС
ММС

Објавено на: 06/11/21 5:13 PM

Две повредени лица во сообраќајна незгода на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар

Денес околу 13 часот и 50 минути, во СВР Тетово е пријавена сообраќајна незгода на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во близина на долнореканското село Скудриње, во која учествувале патничко моторно возило „Ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од В.Ц (53) од Дебар и товарно моторно возило-влекач со скопски ознаки, управувано од Ј.Д (45) од Скопје.

Во незгодата, возачот и две сопатнички во „Аудито“ задобиле телесни повреди и пренесени се во дебарската болница за укажување на лекарска помош.

На местото на незгоата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи од Гостивар, информираат од СВР Тетово.