Вчера околу 15.00 часот на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода М.Б.(24) од Скопје, затоа што не почитувал дадена наредба и со патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил полициски службеник, информираат од МВР.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.