Опозициската ВМРО – ДПМНЕ со реакција за приведуавњето на Стевче Јакимовски, поранешниот градоначалник на општина Карпош.
„Република Македонија е единствена држава во Европа каде што се апсат и притвораат пратеници на опозицијата, без никаква основа, спротивно на Уставот и законите. Малку им беше и тоа, па сега тргнаа да апсат и лидери на парламентарните партии“, изјави потпаролот на ВРМРО -ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Тој исто така додаде дека апсењето на Јакимовски е одмазда кон политичките неистомисленици и обид за прикривање на актуелните скандали во кои се живи фатени.
„Приведувањето на лидерот на ГРОМ, господинот Стевче Јакимовски е политичка конструкција со која што Зоран Заев сака да испрати порака дека органите на прогонот се негови инструменти и дека без разлика на доказите и правдата, секој може да биде мета на политички прогон, доколку јавно се осудил да го посочува криминалот на Заев и кликата околу него. Јакимовски не се плашеше да обелодени дека Зоран Заев на ливче му побарал 250.000 евра. Јакимовски не се плашеше јавно да говори за заканите кои СДСМ му ги упатуваше откако одлучи да се кандидира за градоначалник надвор од партијата на Заев.“, стои во изјавата на Димче Арсовски.