Пред нејзината убавина потклекнаа најдобрите фраери – Запознајте ги сите момчиња на Ирина Шаек! – ММС
ММС

Објавено на: 06/11/21 11:15 AM

Пред нејзината убавина потклекнаа најдобрите фраери – Запознајте ги сите момчиња на Ирина Шаек!

Ирина пред Кање Вест го љубеше Бредли Купер со кого ја доби својата ќерка, а пред него беше во љубовна врска со Кристијан Роналдо.

Руската убавица Ирина Шаек(35) неодамна беше уловена на романтичен одмор во Франција со Кање Вест (44) а тој е само еден во низата од нејзините славни партнери.

Шаек беше во врска со уметникот Вито Шнабал, уловени беа минатата година во Њујорк, а инаку Вито е познат како голем љубител на жените.

Манекенката беше во врска и со холивудскиот актер Бредли Купер (46) и многумина се изненадија од нивното раскинување. Ирина и Брендли почнаа да се гледаат од 2015 година, па подоцна ја добија својата ќерка Леа де Сена. Манекенката и актерот ја прекинаа нивната љубовна врска во 2019 година.

Ирена пред Бредли го освои срцето на славниот актер Кристијано Роналдо (36). Нивната врска започна во 2010 година и заедно беа цели 5 години. Во 2015 година манекнката и фудбалерот ставија крај на врската. Причината за врската била наводно дека Ирина не се согласувала добро со мајката на Кристијано Роналдо.

Шаек е позната по тоа дека не зборува за љубовниот живот и за нејзините партнери, но за британскиот Вог го кажа своето мислење за партнерите.

– Мислам дека во добра врска секогаш морате да го донесете сето она најдобро но и најлошо, таква е човечката природа. Две сјајни личности не мора тоа да ги прави добар пар, изјавила некогаш манекенката.

 

Извор и фото: Дневник.хр