Мислеа дека сум и дедо: Мајкл Даглас на матурата на својата ќерка – ММС
ММС

Објавено на: 06/11/21 10:34 AM

Мислеа дека сум и дедо: Мајкл Даглас на матурата на својата ќерка

Славниот актер Мајкл Даглас во емисијата „The Kelly Clarkson Show“ ја раскажал непријатната ситуација што ја доживеал на прославата за матурата на неговата ќерка Кејрис.

Родителите на другите матуранти мислеле дека Мајкл е нејзиниот дедо, а не нејзиниот татко.

“Беше прекрасно. Многу сум горд на неа. Но, ми беше малку непријатно и звучеше грубо кога другите родители ми рекоа: „Честитки, сигурно се гордееш со својата внука.“ Во ред е. Јас не го сфатив тоа сериозно, тие само се обидоа да бидат љубезни “, рекол Мајкл.

Матурата била виртуелна поради пандемијата, а актерот подоцна објави семејна фотографија од прославата на Инстаграм.

„Кејрис, честитки за тебе и целата твоја генерација. Мајка ти и јас сме многу горди на тебе. Те сакаме многу и сме возбудени за вашата иднина затоа што најдоброто допрва доаѓа. Тато “, напиша актерот покрај фотографијата.

Мајкл и неговата сопруга Кетрин Зета-Џонс ги имаат ќерката Кејрис и синот Дилан, а со Диандра Лукер го има синот Камерон.

Извор: Нова.рс

Фото: Инстаграм