Во Кавадарци започнува попис на кучиња и мачки – ММС
ММС

Објавено на: 06/11/21 10:31 AM

Во Кавадарци започнува попис на кучиња и мачки

Општина Кавадарци во соработка со здружението за заштита на животните „Шепи 2021“ започна да реализира проект за намалување на бездомните животни. Очекувањата се дека со помош на граѓаните,  за кратко време може да се намали бројот на бездомни кучиња и мачки. Првата активност која ќе се реализира е попис на кучиња и мачки кои имаат сопственици.

„ Во тој проект се вклучени повеќе активности. Прва и нај комплексна работа што ќе ја изработиме е пописот на кучињата и мачки,  кои имаат сопственици. Бидејќи тие кои се бездомни  се  испаднати од нечиј  дом. Тоа ќе го изработиме со службата мој општинар. Потоа општината ќе додели бесплатни ваучери за бесплатна стерилизација на кучиња и мачки. Овој метод многу малку од граѓаните го применуваат поради финансиска причина. Така би се спречило неконтролираното размножување на животните и бездомните животни“ вели Велика Србакова, претседател на здружението „Шепи 2021“ од Кавадарци.

Таа информира дека во наредниот период ќе се постават и едукативни табли кои треба да помогнат да се менува свеста на граѓаните, а планирана е изградба и на „дог паркови“ за домашните миленици.

Ангел Данов