Еуро 2020: Андреа Бочели ќе настапи пред натпреварот меѓу Италија и Турција – ММС
ММС

Објавено на: 06/11/21 9:43 AM

Еуро 2020: Андреа Бочели ќе настапи пред натпреварот меѓу Италија и Турција

Италијанскиот тенор Андреа Бочели ќе ја пее Nessun Dorma на спектакуларната церемонија за отворањето на Европското првенство во фудбал на „Стадио Олимпико“ вечерва во Рим.

Бочели ќе настапи пред првиот натпревар меѓу Италија и Турција во 21 часот.

Церемонијата за отворањето ќе вклучува и „патување назад во времето“ со авионите на  „Фрече Триколори“, кои ќе испуштаат пердуви во зелена, бела и црвена боја. Вечерашниот натпревар ќе се игра пред 16 илјади навивачи, со исполнетост на 25 проценти од капацитетите.

Извор:   football-italia.net