Пронајдена дрога кај малолетник – ММС
ММС

Објавено на: 06/11/21 9:32 AM

Пронајдена дрога кај малолетник

Пронајдена дрога во Тетово, приведено едно лице.

-На 10.06.2021 во 21.40 часот на ул.„Киро Ристевски Дрнц“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 17-годишник од с.Требош, тетовско, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.