Четири месеци затвoр за Французинот кој му удри шамар на Макрон – ММС
ММС

Објавено на: 06/11/21 9:27 AM

Четири месеци затвoр за Французинот кој му удри шамар на Макрон

Судот во Франција го осуди 28-годишниот Дамиен Тарел, кој во вторникот му удри шлаканица на претседателот Емануел Макрон на четири месеци затвор.

Тарел претходно призна дека го удрил Макрон, но тој им рекол на истражните органи дека не го сторил тоа со предумисла, пренесува Ројтерс.

Обвинителството побара Тарел да биде осуден на 18 месеци, а судиите одлучија да го осудат на четири месеци затвор и 14 месеци условна казна.

За време на посетата на регионот Тан Лермитаж на југоисток, претседателот Макрон во вторникот се приближи кон толпата граѓани да ги поздрави, а Тарел го фати претседателот за рака и му удри шлаканица по лицето, повторувајќи ја фразата позната на француската монархија, пред претседателското обезбедување да интервенира.

По инцидентот, полицијата го уапсила Тарел, кој, според истражителите, не и бил познат на полицијата пред овој случај, а уапсен е и неговиот пријател кој го снимил целиот инцидент.

Обвинението за напад на јавен службеник во Франција предвидува максимална казна затвор од три години и парична казна од 45.000 евра.

Извор: Пинк.рс