Британскиот премиер, Борис Џонсон очекува дека земјите членки на Г7 на самитот кој почнува денеска, ќе донираат милијарда дози вакцини за сиромашните земји. Џонсон само неколку часа по ветувањето на американскиот претседател Џо Бајден дека САД ќе донираат 500 милиони дози од вакцината на Фајзер, изјави дека Британија ќе им даде најмалку 100 милиони дози вишок вакцини на најсиромашните државо.
Британскиот премиер веќе ги повика земјите членки на Г7 да се обрзат дека целиот свет ќе биде вакциниран до крајот на идната година, а очекува и дека околу донацијата на вакцини ќе се дискутира во текот на тридневниот самит.
„Како резултат на успехот на програмата за вакцинација во Велика Британија сега можеме да им го поделиме вишокот дози на оние на кои тоа им е потребно. Со тоа преземаме и масовен чекор кон тоа засекогаш да ја победиме оваа пандемија“, ја пренесоа изјавата на Џонсон од неговиот кабинет.
Иако вакцините против актуелниот вирус стигнаа на пазарот со „голема брзина“, во Беританија досега прва доза вакцина добиле 77 проценти од возрасната популација, а во САД 64 отсто, но се смета дека пандемијата ќе престане дури кога луѓето од сите земји ќе бидат вакцинирани.
Со оглед на тоа дека глобалната популација брои околу 8 милијарди, а повеќето луѓе треба да добијат две дози вакцина, некои сметаат дека светските лидери би требало да ја забрзаат вакцинацијата.
„Целта на Г7 е да осигура милијарди дози и тоа би требало да биде минимумот, а временската рамка треба да се забрза“, истакнаа од групата ONE за борба против сиромаштијата.
Фото: Instagram / borisjohnsonuk
Извор: hr.n1info.com