Нема никакви промени во денешната временска прогноза. Повторно се очекува дожд и грмежи. Од УХМР информираат дека претпладне ќе биде облачно, а попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер, додека на некои места ќе паѓа град. И покрај ваквите лоши најави, кои повеќе личат на пролет, отколку на лето максималната температура ќе достигне до 30 степени.
Истата најава е и за Скопје и околината, облачно со повремен пороен дожд, грмежи ветер и град, со температура до 29 степени.
За оние кои планираат викендот да го поминат надвор од дома вестите за времето се разочарувачки, бидејќи до недела продолжува променливото и нестабилно врем. Ќе има и сонце, но попладне и двата дена попладне ќе паѓа пороен дожд, грмежи, ветер и град.