Првото засилување на ПСЖ доаѓа од „Енфилд Роуд“ – ММС
ММС

Објавено на: 06/10/21 8:54 PM

Првото засилување на ПСЖ доаѓа од „Енфилд Роуд“

По малку и невообичаено и неочекувано, ако се земе предвид трансфер политиката на клубот од француската престолнина, но и тоа што Холаѓанецот беше пред потпис со Барселона, Париз Сен Жермен го ангажираше фудбалерот на Ливерпул, Џини Вајналдум, како слободен играч.

Холандскиот репрезентативец од средината на теренот, ќе настапува на „Паркот на принцовите“ до 2024 година и претставува официјално прво засилување на амбициозните парижани за сезоната 2021/2022.

-Потпишувањето со ПСЖ за мене е нов предизвик. Се придружувам во еден од најдобрите тимови во Европа и сакам со себе да донесам огромна желба во овој амбициозен проект. ПСЖ докажа низ годините колку е добар и убеден сум дека заедно со нашите фанови, ќе одиме уште подалеку и уште повисоко, изјави некогашниот играч на Њукасл за клупскиот сајт на Французите.

Триесетгодишниот Вајналдум кариерата ја започнува во академијата на Спарта Ротердам. Подоцна популарниот Џини ќе заигра за двата холандски гиганти, ПСВ и Феенорд, а од Ајндховен во 2015 година се сели во Њукасл. Една година потоа прави трансфер во Ливерпул, каде што ги освојува сите можни тимски трофеи со клубот од „Енфилд Роуд“.

 

 

 

 

Фото:

Twitter