(ВИДЕО) Слонови заспале во шума да се одморат после патување долго 15 месеци – ММС
ММС

Објавено на: 06/10/21 12:43 PM

(ВИДЕО) Слонови заспале во шума да се одморат после патување долго 15 месеци

Познатото стадо залутани слонови од Кина застанало да се одмори, после 15-месечно патување далеку од нивното природно живеалиште.

Нивната одисеја ги маѓепса луѓето низ целата земја и светот, а кинеските власти направиле извонредни напори да го следат стадото и да го чуваат подалеку од станбени области.

Противпожарната единица Јунан соопшти дека осумчлениот тим ги следел слоновите 24 часа на ден, како на земја, така и од воздух со помош на дрон, објави „Гардијан“.

Според последните информации, стадо диви азиски слонови е испратено во шумата во близина на селото во општината Ксијанг во провинцијата Јунан, околу 90 километри југозападно од градот Кунминг, и да се вратат назад во насоката од каде што дошле.

Фотографиите направени од дронот покажуваат како слонови спијат во шумата, се одмораат по патот што досега траел 500 километри. Повеќе од 410 лица, 374 возила и 14 дронови со над два тона храна за слонови биле распоредени во понеделникот, во обид да ги држат слоновите подалеку од населените места и да ги евакуираат луѓето на пат.

Биле применети привремени контроли на сообраќајот на некои делови од патот, така што животните ќе бидат мирни и ќе се создадат услови да одат на запад и на југ, објави „Пекинг њуз“.

Експертите за диви животни не знаат зошто групата од 16 слонови тргнала на патувањето, кое започна минатата година. Според кинеската агенција Синхуа, тие во ноември пристигнале во Пуер во Јунан, каде една женка родила младенче. Тие поминале пет месеци таму и повторно тргнале на пат на 16 април.

Една недела подоцна, два слона ја напуштиле групата, додека останатите се упатиле кон север. Групата сега се чини дека повторно е на вистинскиот пат, тргнувајќи кон југо-запад, иако властите во понеделникот објавија дека еден мажјак се движел околу четири километри северо-источно.

Патувањето на оваа група слонови, прв пат е забележано откако го напуштија своето природно живеалиште во март 2020 година, привлече големо внимание на кинеските социјални мрежи, иако нивното понекогаш деструктивно присуство предизвикало штета од најмалку 6,8 милиони јуани (1,07 милиони УСД).

Извор: Блиц.рс