Десет НАТО сојузници меѓу кои и Северна Македонија стартуваат нова ера во обуката на воени пилоти. Воспоставуваме мрежа на европски тренинг центри за пилоти на борбени авиони, хеликоптери и дронови, информираше денеска министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
Нашиот центар во Скопје ќе врши основна и напредна обука на пилоти на хеликоптер, напиша министерката на својот фејсбук профил.
Како што посочи, министрите за одбрана на НАТО земјите во овој проект на Северна Македонија, Белгија, Турција, Црна Гора, Грција, Чешка, Унгарија, Италија, Романија и Шпанија, имаа симултано потпишување на Меморандумот за разбирање.
МИА
Фото: Фејсбук