-Тоа е само формална работа, требаше и деновиве да се изгласа законот, но немаше кворум во собранието затоа и се одолжи, но наредната недела ќе се изгласа овој закон, истакна Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
Од еколошките организации, се надеваат дека во идниот национален парк нема да има девијантни појави, кои досега одзедоа многу природни убавини на Шара.
-Зоните се поделени според сите стандарди на национални паркоци. Првата или најзаштитената зона во горните делови на Шара каде има недопредна прекрасна природа каде спаѓа и срцето на Шара Лешница опфаќа 26,6 % од идниот прк. Втората зона или зона на активно управување опфаќа 49,9 % од идниот национален парк и третата зона или зона на одржливо корисење опфаќа 22 % од паркот каде спаѓаат сите 30 шарпланински села, кои се дел од паркот чии мештани како што кажува и самио назив зона на одржливо користрње ќе имаат можност и понатака да ги обавуваат своите активности како и претходно, на никој во селото нема да му се забрани да гради или да врши сеча во сопствената шума. Има и четврта зона таканаречена Бафер зона каде се наоѓа скијачкиот центар Попова Шапка зона која ја имаме се со цел слободо да се развива центарот на основа на Мастер планот за развоја изработен пред десетина години, но за жал уште нереализиран, рече Анела Ставреска Панајотова од Здружението Натура
Иницијативата за прогласување на Шар Планина за национален парк е стара речиси две децении. Според најавите, конечно законот за прогласување на идното заштитено подрачје ќе се изгласа во законодавниот дом. Останува да се формира установата која ќе раководи со паркот, кој според најавите треба да има и свое седиште за најдоцна три месеци.
Зоран Димовски