Прекршувањето на највисокиот правен акт на изборите во април, претставувало причина за изгласување недоверба на претседателот на оваа земја, Илир Мета, од страна на албанскиот парламент.
Со големо мнозинство од 104 гласови ЗА, седум против и само два воздржани пратеници, законодавниот дом на Албанија гласаше за недоверба и отповикување од функцијата претседател, пренесува „Аlbanian Daily News“.
Судбината на Илир Мета сега останува во рацете на Уставниот суд на Албанија кој ќе треба да ја потврди или отфрли одлуката на парламентот.
Илир Мета е првиот претседател во историјата на Албанија кој е отповикан од легитимно избраните претставници од народот.
Фото: