Израелскиот Воен суд изрече едномесечна затворска казна за 13-годишното палестинско момче, Сенед Мухамед Мукбил, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Здружението на палестински затвореници преку писмено соопштение информираше за затворската казна изречена за 13-годишниот Палестинец од страна на израелскиот Воен суд, што се наоѓа во окупираниот Западен Брег.
Во соопштението се нагласува дека Воениот суд „Офер“ во западниот дел на градот Рамала изрекол 31-дневна затворска казна за Мукбил, како и парична казна од 2.000 шекели (околу 500 евра).
Според прес-службеникот на Здружението на палестински затвореници, Емани Сарахне, израелските власти го обвинуваат Мукбил дека фрлил камен врз еврејските доселеници во населбата Бејт Умер при градот Ел Халил, што се наоѓа во северниот дел на Западен Брег.
Според податоците на ова здружение, во израелските затвори се наоѓаат 4.650 Палестинци, од кои 180 деца, 39 жени и 500 административни притвореници.