Се стесни обрачот околу партиските донации, но се зголеми буџетирањето на партиите. Со последните измени на Законот за финансирње на политички партии се променија правилата на финансирање на политичките играчи, но и со овие измени помалите партии кои се борат за гласови а се надвор од Собранието остануваат без „денар“ – пишува Portalb.mk. Според дел од експертите, промените во начинот на финансирање на партиите, квалитативно нема да значи ништо ако не зајакне контролата врз изворите, особено во делот на донациите.
Формални и неформални извори на финансирање
Државниот завод за ревизија е клучното тело кое ќе биде надлежно за надзорот на финансиско-материјалното работење на политичките партии и тој ќе се врши една годишно, додека сметката за финансиското работење, партиите треба да ја достават на три адреси: Управата за јавни приходи, Централниот регистер и Државниот завод за ревизија, воедно истата ќе мора да ја објават и на партиската веб страна – пишува во член 26 од изменетиот Изборен законик.
Политичките партии може да имаат само една жиро-сметка, а нивните локални ограноци и партиско истражувачко-аналитички центар можат да имаат и потсметки, но тие се должни во случај на постоење на истите да доставуваат консолидирани – збирни финансиски извештаи – се наведува во истиот член од законот.
Со последните измени се променија и правилата на финансирање на политичките партии, се скрати висината на донациите но се зголемија средствата што треба да се исплаќаат од Буџетот. Според дел од политичките аналитичари, прво клучно прашање е контролата и транспарентното финансирење на партиите, што ќе ја намали можноста од корупција и клиентелизам.
„Кога зборуваме за приватни донации, клучно е прашањето за зголемување на контролата на парите што се слеваат од донаторите. Сега се зборува за можни измени кои повторно ќе водат кон зголемување на изност на донациите. Клучно е транспарентното финансирање на политичките партии и целосна контрола на донираните средства” – вели за Порталб.мк професорот Јове Кекеновски од демократска фракција во ВМРО-ДПМНЕ.
И според оценките на антикорупционерите, значајно е прашањето за контрола, особено на парите што пристигунуваат на партиските сметки како донации. Според Ариф Нуса, поранешен член на Комисијата за спречување на корупација, добро е што се намалија износите за донации, но останува отворено прашањето за контрола на патот на парите.
„Како целосно да се стават под контрола финасирањата, односно донациите на партиските сметки е прашање од милион долари. Со сегашните механизми, Државниот завод за ревизија прави увид во постоечката документација, односно на она што е ставено на хартија, но не и на ова што не е регистрирано. На пример, имаме луѓе, социјални случаи кои донираат во изборна кампања, дали е тоа логички оправдано и можно? Сметам дека со години наназад имаме отсуство на вистинска контрола на донациите” – вели за Порталб.мк антикорупционерот, Нуса.
Со измените на Законот за финансирање на политичките партии, наместо досегшаните 1.8 милиони евра, од Буџетот ќе добиваат 4.5 милиони евра, а со образложени дека целта е да се пречи корупцијата и сомнителните донации, вредоста на донираните средства се намали за 2,5 пати.
„Партиите на поинаков начин ќе мора да реферираат за трошоците. Државата, бидејќи ги дава парите ќе сноси и одговорност за тоа што го дава на некој начин, ќе ставиме крај на тој тип на бизнис контрола врз политичките партии”, изјави неодамна Радмила Шекеринска, вицепремиерка во Владата.
Со законските измени, се променија лимитите но помалите политички играчи, кои нема да освојат партеник, и натаму нема да добиваат буџетски средства.
„Со последните законски измени значајно се зголемува изност од Буџетот што ќе се дели на политичките партии кои на избори ќе освојат најмалку еден пратеник. Ова значи дека партиите се повеќе ќе бидат на грб на народни пари. Според нашиот модел, партиите земаат дел од државниот колач според утврдени критериуми, меѓу нив се освоените гласови, односно освоено пратеничко место. Но што е со помалите партии, кои поради сегашниот изборен модел, освоиле гласови но не и пратеник? Значи сеуште остануваме на концептот сегашните политички играчи да бидат фабрики за пари, ништо да не работат а да земаат средства. Дополнително им се остава можност сега и да подигнуваат кредити и да поседуваат земјиште” – вели професорот Кекеновски
Во текот на месец мај партиите ги објави финансиските извештаи за предвремените избори во 2017 година. Отчет поднесоа 34 политички партии од кои 20 партии пријавиле дека немале донатори. Од оние кои пријавиле донации, на прво место е Вмро – Дпнме, зад неа е ДУИ а на трето место според висната на донациите е СДСМ. Алијанса на Албанците и ДПА, според финансиските извештаи, не примиле пари од донации.
Пари од донации – избори 2017 година
ВМРО-ДПМНЕ 908 000 евра
СДСМ 34 000 евра
ДУИ 26 500 евра
Експертите се уверени дека за вистинска борба со корупцијата во делот на финансирање на партиите преку донации, потребна е и вистинска политичка волја
„Висината на донациите мора да биде сразмерна со наш0иот стандард, сметам дека по законските измени за намалување на висината на донациите воопшто не смее повеќе да се менува овој дел, односно да се размислува за повторно зголемување. Во исто време мора да се активираат механизмите за контрола на изворите и на патот на донациите, има начин но дали тоа ќе се случи зависи од политичката волја на власта да ги стави во погон сите ресурси за да ја постигне саканата цел – борба со корупција“, вели антирупционерот Нуса.
Измените на Законот за финансирање на политички партии и на Изборниот законик беа усвоени во Собранието експерсно, без дебата откако се постигна политички договор помеѓу водечките партии во земјава.