Се’ за храна: Како да мерите без кујнска вага – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/18 11:28 AM

Се’ за храна: Како да мерите без кујнска вага

Сите ние понекогаш сме се нашле во ситуација да немаме вага во моментот или едноставно истата да е расипана, а да мора да направиме нешто на брзина. За да може полесно да се справите со мерките во тие ситуации, погледнете ја табелата и научете како да мерите и без кујнска вага.

Всушност, овие мерки се изведени врз основа на принципот на тежина во однос на волумен на некој сад, лажица, чаша и сл. Оваа табела може да им биде од корист и на сите млади домаќинки кои сакаат да научат да готват „од око“ и да бидат многу послободни во готвењето. Така нема да мора постојано да мерат и премеруваат и ќе може целосно да се препуштат на уживањето во готвењето.

Табела за мерење на брашно:

  • 1 рамна лажица = 8 г брашно
  • 1 полна лажица = 25 г брашно
  • сад од 250 мл = 130 – 150 г брашно.

Табела за мерење на гриз:

  • 1 рамна лажица = 10 г гриз
  • 1 полна лажица = 22 г гриз
  • сад од 250 мл = 170 г гриз.

Табела за мерење на ориз:

  • 1 полна лажица = 30 г ориз.

Табела за мерење на шеќер:

  • 1 рамна лажица = 12,5 г шеќер
  • 1 полна лажица = 25 г шеќер.

Табела за мерење на свинска маст и путер во цврста состојба:

  • 1 рамна лажица = 12 г свинска маст/путер.

Табела за мерење на растителни масти:

  • 1 рамна лажица = 20 г растителна маст во цврста состојба
  • 1 рамна лажица = 14 г растителна маст во течна состојба.

Табела за мерење на млеко и вода:

  • 1 лажица = 17 мл млеко/вода
  • 1 винска чаша = 100 мл млеко/вода
  • 1 чаша за вода = 200 мл млеко/вода
  • сад од 250 мл = 250 мл млеко/вода.