Грција, Германија, Хрватска и уште четири други земји на ЕУ воведуваат дигитални сертификати за патувања – ММС
ММС

Објавено на: 06/9/21 8:03 AM

Грција, Германија, Хрватска и уште четири други земји на ЕУ воведуваат дигитални сертификати за патувања

Грција и уште шест земји-членки на ЕУ денес воведуваат систем за потврди за патување „ковид-19“. Програмата за сертификати ќе стапи на сила низ целата Унија на 1 јули.

Сертификатите денес ги воведуваат Грција, Бугарија, Чешка, Данска, Германија, Хрватска и Полска, објави Европската комисија.

Грција воведува универзално признат сертификат кој ќе користи QR-код.

Новиот систем се очекува да го олесни патувањето во ЕУ.

Сертификатот ќе биде достапен за луѓе кои биле целосно вакцинирани против коронавирус, имале негативен тест или поминале ковид-19.

 

Н1