(ВИДЕО) Дами и господа, Никола Јокиќ е најдобриот кошаркар во НБА лигата за оваа сезона – ММС
ММС

Објавено на: 06/8/21 11:11 PM

(ВИДЕО) Дами и господа, Никола Јокиќ е најдобриот кошаркар во НБА лигата за оваа сезона

Српскиот репрезентативен центар, Никола Јокиќ, прогласен е за најдобар играч во НБА лигата во сезоната 2020/2021, пренесоа сите релевантни медиуми поврзани со кошарка во САД.

Некогашниот „буцко“ на Мега стана првиот кошаркар од екс-ју просторите кој го добил ова признание, а МВП наградата дополнително добива на вредност со оглед на тоа дека Јокиќ е првиот кошаркар во историјата на НБА кој од најниската позиција на драфтот (41-ви пик) се искачува на врвот во елитата.

 

Генијалниот „голем човек“ на 72 меча во оваа кампања забележа во просек по 26,4 поени, 10,8 скокови и 8,3 успешни додавања.

Неговиот Денвер Нагетс во полуфиналето на Западната конференција ќе се соочи со изненадувањето Феникс Санс.

 

 

Фото:

Twitter / @YahooSports