Делови од Аеродром, Ново Лисиче и Кисела Вода в петок 18 часа без вода – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/18 11:18 AM

Делови од Аеродром, Ново Лисиче и Кисела Вода в петок 18 часа без вода

Поради реконструкција на водоводна линија со пречник од 700 милиметри кај новиот кружни тек меѓу улицата „Христо Татарчев“ и булеварот „Србија“ на последната постојка на автобусот со број 24, в петок  од 20 часот  до завршување на работата без вода за пиење ќе останат станбените објкети над петти кат во населбите Аеродром и Ново Лисиче, како и населбите Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол.

Без вода ќе биде и дел од населбата Кисела Вода, поточно улицата „Христо Татарчев“ крак 1-11, крак 2, Сервисната зона Југ и делот од булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“ на потегот од новиот кружен тек до булеварот „Борис Трајковски“.

Како што инфомрираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, според нивните проекции работните активности би требало да завршат во период од 12 до 18 часа, што значи дека нормално водоснабдување на корисниците би им се овозможило в сабота во периодот од 8:00 до 14:00 часот.

– Бидејки ќе се работи во текот на ноќта за жителите од наведените населени места ќе обезбедиме цистерни со питка вода, се вели во соопштението од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и се додава дека непречено ќе функционираат уличните чешми во населбите Аеродром и Ново Лисиче.