На денешната седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за овозможување содржина и емитување на македонски/албански јазик на спортските канали „Спорт Клуб“ и „Арена Спорт“ кои се регистрирани во нашата држава, известија од владината прес-служба.
Воедно, Владата ѝ препорача на Агенцијата за електронски комуникации, како надлежно тело, да формира работна група со релевантни институции и да пристапи кон изнаоѓање начин за спроведување на заклучокот за регулирање на јазичното покривање со официјален јазик на барем на спортските канали кои се реемитуваат на територијата на Северна Македонија преку јавни комуникациски мрежи и да ја извести Владата во рок од три месеци за оваа можност.