Кривична за тетовец кој без знаење на сопругата подигнувал пари од нејзината кредитната картичка – ММС
ММС

Објавено на: 06/8/21 3:22 PM

Кривична за тетовец кој без знаење на сопругата подигнувал пари од нејзината кредитната картичка

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.И.(43) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на кредитна картичка“.

Пријавениот, во периодот од 11.03.2020 до 05.02.2021, во повеќе наврати од платежна картичка на неговата сопруга, без нејзино знаење подигнал вкупно 419.000 денари.