Три лица повредени во сообраќајка во битолско – ММС
ММС

Објавено на: 06/8/21 2:11 PM

Три лица повредени во сообраќајка во битолско

Сообраќајна несреќа во битолско, повредени се три лица, информираат од полицијата.

-Во текот на вчерашниот ден во селото Г.Агларци се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „ванге-50“ со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Г.Агларци и мотоцикл „шинрај-150“ без регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Г.Агларци.

Како што информираат од МВР во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот, возачот на мотоциклот како и малолетна сопатничка од мотоциклот „шинрај-150“, повредите се констатирани во Клиничка болница Битола.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.