Тие се постојано изложени на погледите од јавноста, а притисокот што го трпат е голем. Од нив се очекува да изгледаат совршено во секое време. Затоа овие дами се потпираат кон некои сосема бизарни методи на слабеење.
Рене Зелвегер – диета со коцки мраз
Бидејќи требаше да се здебели многу за потребите на улогата на Бриџит Џонс, оваа реномирана и наградувана актерка реши да ја намали својата тежина со ригорозна диета, што вклучува само консумирање коцки мраз. Со оваа диета и потполно откажување од храна, актерката ги изгуби сите вишок килограми.
Џенифер Лопез – масло од грејпфрут
Истражувањата покажаа дека маслото од грејпфрут содржи ароми кои можат да го намалат апетитот. Џенифер Лопез е една од славните личности кои секогаш во чантата имаат масло од грејпфрут. Извори тврдат дека Џенифер го „вдишува“ три пати на ден по 15 минути, со цел да го потисне апетитот.
Мишел Фајфер – диета на дишење
Оваа многу опасна диета се практикува како дел од култот чии корисници веруваат дека преку процесот на медитација човек може да живее само од воздух и сонце. Мишел Фајфер признала дека била дел од овој култ на почетокот на нејзината кариера и дека овој метод го применила кое заговара дишење и сонце наместо храна.
Ферги – јаболков оцет
Иако нема ригорозен план на исхрана како и останатите ѕвезди, пејачката смета дека за нејзината витка линија е заслужен јаболков оцет, кој се зема по две лажици на ден. Како што и самата призна, таа, исто како и Мишел Фајфер, користела хранење со сончева енергија некое време.
Никол Кидман
Додека го снимала филмот „Cold Mountain“, Никол Кидман била на диета со тврдо варени јајца. Оваа диета не е премногу комплицирана – ниту здрава: таа јадела едно варено јајце наутро и две до три навечер.
Кејти Холмс
Кејти Холмс еднаш решила да ослабе јадејќи супа од морков за појадок и сурова брокула за ручек и вечера.
Извор: Стил.курир.рс