Претстојниот викенд учениците од средните музички училишта ќе се натпреваруваат на државниот натпревар кој традиционално го организира Здружение на директори и наставници на музичките и балетските училишта Хармонија – МБ на чело со Симона Зафировска.
В сабота натпреварот за инструменталистите ќе биде во Скопје, а в недела во Тетово ќе се одржи натпреварот по теоретски предмети.
Од натпреварите се произлезни многу таленти, кои денес се репрезенти на музичкиот живот на Р.С. Македонија. Во текот на сите изминати години, “Хармонија МБ”, успеа да изгради одлична соработка со наставниците, а секако и да биде извор на радост кај учениците – вели во изјава за ММС, професорката Светлана Димитриевска која е дел од процесот на организација.
-И покрај предизвикот што ни го донесе пандемијата, оваа година се одржа континуитетот на натпреварот – вели таа
Инаку, добитниците на прва награда ќе добијат парична награда од МОН.