Погрешно е вакцините на сиромашните земји да им се праќаат во една тура, би можеле да пропаднат – предупреди УНИЦЕФ – ММС
ММС

Објавено на: 06/8/21 10:05 AM

Погрешно е вакцините на сиромашните земји да им се праќаат во една тура, би можеле да пропаднат – предупреди УНИЦЕФ

Милиони дози вакцини би можеле да пропаднат ако богатите земји им го праќаат вишокот на сиромашните во една тура – предупредува Детскиот фонд при Обединетите нации (УНИЦЕФ).

Од УНИЦЕФ укажуваат дека неопходно е постојано снабдување со вакцини во текот на годините, поради што сиромашните држави немаат ресурси да ги употребат сите вакцини во краток рок, пренесува БиБиСи. Ваквото предупредување го поддржаа и светски познати личности меѓу кои е и американската кантавторка, Били Ајлиш и фудбалерот Дејвид Бекам.

Познатите личности го ставија својот потпис на писмото упатен кон државите членки на Г7 во кое од богатите земји се бара до 20-ти август да донираат 20 отсто од своите залихи  на вакцини.

 

Извор: telegraf.rs